Германија: Путин ја „игра игра“ со нови удари врз Украина

Сподели со своите пријатели

Германија оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „игра игра“ со нови напади врз Украина, еден ден по ограничениот договор за прекин на огнот договорен во телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Loading...

„Откривме дека нападите врз цивилната инфраструктура апсолутно не се намалија во текот на првата ноќ по тој таканаречен револуционерен и вонреден телефонски разговор“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус во телевизиско интервју.

„Путин игра игра“, рече германскиот министер, додавајќи дека „Трамп има одговорност пред една од најголемите нации во светот“ и дека е убеден дека „ќе дојде моментот кога ќе биде неопходно тој да реагира“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напната ситуација во рускиот регион Белгород по обидот за упад на Украина

За време на 90-минутниот телефонски разговор со Трамп вчера, Путин се согласи да ги намали нападите врз енергетската инфраструктура во Украина за 30 дена, но отфрли целосен прекин на огнот во конфликтот кој трае повеќе од три години.

По новите руски напади синоќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека практично го отфрлила предлогот за прекин на огнот поддржан од Вашингтон, а кој Киев претходно го прифати.

Писториус изјави дека посветеноста на Путин да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура „во суштина не значи ништо“, бидејќи овие инфраструктурни објекти во Украина се заштитени на најдобар можен начин.

Германскиот министер, исто така, го опиша како „неприфатливо“ инсистирањето на Кремљ „неопходен услов“ да биде целосен прекин на американската воена поддршка за Украина, како и споделување разузнавачки информации со украинската армија, која се бори на терен против руските сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Закажани се нови американско-руски разговори за војната во Украина

Според Писториус, „многу е очигледно“ дека Владимир Путин сака да ги спречи сојузниците на Киев „да продолжат да ја поддржуваат Украина и да и дозволат реално да се брани во случај на нов напад, за време или по прекинот на огнот“.

Loading...