Газдата починал – кучето седум дена го чека да излезе од болница (видео)

Сподели со своите пријатели

Куче лојално на својот сопственик, одбило да ја напушти болницата каде неговиот газда бил сместен поради компликации со здравјето, и каде починал пред една недела, пишуваат медиумите.

Loading...

Во сцена која потсеќа на епизода од  Futurama, кучето исто како на цртанот филм, одбива да си оди дома, чекајќи го пред врати својот газда да дојде по него. Но, кучето не знае дека неговиот сопственик веќе никогаш нема да се врати, што ја прави приказната уште потажна.

 

Неговиот 82 – годишен сопственик, Вергиља де Лима Гомез, имал чести здравствени проблеми од последици од бронхијална астма.

Тој изгледа како да чека некого, и одбива да си оди. Седеше спремен да замине откако ќе се појави неговиот сопственик, барајќи го со очите лево – десно. Тоа е импресивна сцена. Имаше моменти кога луѓето мораа да го прескокнуваат на влезот, бидејќи тој одбиваше да се мрдне од место, вели Олга Каролина Балдин, рецепционер во болницата.

Кучето без својот сопственик издражало седум дена и седум ноќи , кога конечно бил згрижено во дом за напуштени животни, но, за сигурно, тој ќе остане во долго сеќавање на сите вработени во болницата.