„Гардијан“: Белата куќа предвидува лавина помош за Украина со нова стратегија

Сподели со своите пријатели

Белата куќа разви стратегија за зајакнување на воената позиција на Украина, која предвидува „лавина“ оружје, финансиска помош, како и нови големи санкции против Русија, тврди „Гардијан“.

Loading...

Соединетите Американски Држави до средината на јануари ќе ѝ обезбедат на Украина стотици илјади дополнителни артилериски гранати, илјадници проектили и стотици оклопни возила, дознава британскиот весник и додава дека тоа го изјавил советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан за време на средбата со началникот на кабинетот на претседателот на Украина Андриј Јермак.

САД, исто така, ветија дека ќе го поддржат украинскиот воен персонал, нудејќи им да обучуваат нови војници на локации надвор од украинската територија.

Ова е дел од пакетот речиси финализирани заеми од 20 милијарди долари, кои ќе бидат обезбедени од добивката од запленети руски државни средства, пишува „Гардијан“.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак во четвртокот разговарале за подобрување на позицијата на Киев во војната со Русија, објави Белата куќа, пренесува Танјуг.

Двајцата функционери разговараа за тоа како да се обезбеди Украина да влезе во сите идни преговори од посилна позиција, се вели во соопштението.