ФЗЦ прокнижи загуба во работењето во висина од 130 милиони денари

Сподели со своите пријатели

Фабриката за заварени цевки и профили од Куманово во периодот од 1 јануари до 30 септември работела со загуба, покажа билансот на успехот објавен на страницата на Македонска берза.

Loading...

Во извештајот за финансиското работење на ФЗЦ се наведува дека кумановската фабрика која од јуни доби и нови сопственици работела со загуба од 129.765.ооо денари, односно бележи намалување споредено со истиот период лани кога била остварена загуба од 137.594.000 денари.

Во овој период компанијата остварила оперативни приходи во износ од 111,1 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога приходите изнесувале 293,6 милиони денари. –