Француска министерка во трета посета на Киев

Сподели со своите пријатели

Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона ја оствари својата трета посета на Киев откако ја презеде функцијата во мај за да ја потврди поддршката и солидарноста на Франција и да разговара за нуклеарната безбедност.

Loading...

„Добро утро Украина, убаво е што се вратив во Киев“, напиша Колона на „Твитер“ со фотографија со францускиот амбасадор во Украина, Етјен де Понсин, на прошетка во Киев.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека Колона планира да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Таа ќе ја нагласи зголемената поддршка на Франција во однос на испораката на одбранбена опрема и средства за борба против неказнивоста, како и на финансиски и хуманитарен план“, се вели во соопштението.

Министерството соопшти дека Франција утре ќе испрати 1.000 тони хуманитарна помош од пристаништето во Марсеј.

Loading...

Во соопштението се додава дека Колона ќе работи со украинските колеги на иницијатива на Меѓународната агенција за атомска енергија IAEA за создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.