Франција обезбедува воено разузнавање на Украина откако САД престанаа

Сподели со своите пријатели

Франција ѝ обезбедува воено разузнавање на Украина, откако Вашингтон објави дека го замрзнува споделувањето на такви информации за Киев, изјави денеска министерот за одбрана Себастиен Лекорну.

Loading...

Лекорну рече дека Франција продолжува да разменува разузнавачки информации со Украина.

Тој додаде дека по одлуката на САД да ја прекине сета воена помош за Украина, францускиот претседател Емануел Макрон побарал од него „да ги забрза пакетите помош“ за да го надомести недостатокот од американска помош.

САД во средата соопштија дека го замрзнале споделувањето разузнавачки информации со Украина, со што го прекинале протокот на витални информации, но претставници на администрацијата на Доналд Трамп рекоа дека позитивниот тек на разговорите меѓу Вашингтон и Киев значи дека тоа би можело да биде само краток прекин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политико: Соработниците на Трамп водат тајни разговори со противниците на Зеленски

Американското разузнавање е од витално значење за Украина бидејќи, меѓу другото, ги следи движењата на руските војници.

Лекорну рече дека по одлуката на САД, пратките со помош за Украина кои заминуваа од Полска беа прекинати, додавајќи дека „Украинците, за жал, научија да се борат со оваа војна три години и знаат како да складираат залихи“.