Фондацијата за култура и спорт која дејствува во рамките на Општина Куманово денеска на штитениците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ донираше уметнички слики кои во изминатите две години беа изработени на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“.
Loading...
[huge_it_gallery id=”350″]
Овие слики ќе одат на продажба и на тој начин ќе се остварат парични средства кои ќе останат за „Порака наша“ и ќе бидат искористени за фунцкионирањето на центарот, како и за реконструкција на кровната конструкција на самиот објект.
Сега ја продолжуваме соработката со фондацијата имаме околу 70 слики донирано и ги повикуваме граѓаните на Куманово да дојдат и со купување на сликата да оставриме средства кои ќе ги искористиме за нашите деца од „Порака наша“ – вели Милован Видановиќ, претседател на Центарот „Порака наша“.
Ваква донација на уметнички дела од ликовниот камп „АСНОМ“ кои беа изложени на биеналната изложба бо Центарот за култура денеска се донирани за центарот.
Многу ми е драго што дел од учесниците во Детскиот ликовен камп беа и лицата од Порака наша и тие твореа и дел од нивните ликовни творби се тука и преку 76 наслови во повеќе ликовни техники се повлечени од изложбата и ги донираме преку Фондацијата за култура и спорт – изјави Нино Величковски, претседател на Фондацијата за култура и спорт.
Во просториите на Дневниот центар денес помеѓу градоначалникот Зоран Дамјановски, претсеателот на ФОндацијата за култура и спорт Нино Величковски и директорот на „Порака наша“, Милован Видановиќ потпишаа меморандум со кој 76 дела се дадени во сопственост на центарот.
Оваа продажба на слики на некој начин ќе даде свој доприност. ова еедна симболика бидјеќи акцијата на локалната самоуправа е да ги мотивираме преку вас медиумите реалниот сектор, стопанството да дадат поддршка, затоа што 1,5 милиони денари од Буџетот на Општината не се во доволен број – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Loading...
Корисниците на Дневниот центар денес во позитивна атмосфера ги вапцаа велгиденските јајца и се подготвуваа за празникот Велигден.