Националната кампања во Финска, чија цел беше заштеда на енергија, вклучува покана до Финците да користат помалку сауни, покрај тоа да го намалат греењето за еден степен целзиусов и да се тушираат пократко.
Кампањата наречена „Еден степен помалку“ треба да започне на 10 октомври, изјави за АФП Кати Лааксо, портпаролка на државната агенција за промоција на одржлива енергија (Морива).
Сауните уживаат култен статус во Финска, а ги има околу три милиони на 5,5 милиони жители.
„Луѓето навистина немаат потреба да одат во сауна секој ден, можеби еднаш неделно би било доволно“, вели Лааксо.
Во кампањата и Финците ќе бидат охрабрени да престанат да ги загреваат своите гаражи.
„Ова се само можности. Се надеваме дека луѓето ќе разберат дека ни претстои тешка зима и доброволно ќе ги следат советите“, изјави Кети Лааксо.
Тоа е првпат по нафтената криза во 1970-тите, во Финска да се започне национална кампања за заштеда на енергија.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.