Бркотница како на филм рано утринава околу 2:15 часот се случувала на регионалниот пат Свети Никола – Крива Паланка, откако дваесет и двегодишен Љ.Г. од селото Раклиш управувајќи патничко моторно возило „Мазда“ без регистарски таблички се упати9л кон полициските службеници обидувајќи се да ги прегази.
Притоа полициските службеници употребиле огнено оружје и пукале во едно од тркалата, а Љ.Г. продолжил со движење со возилото,но набргу излетал од патот и се превртел. Истиот се здобил со повреди поради што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на лекување.
Против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедност“.