Филип Стевановски од Куманово меѓу загинатите во Кочани

Сподели со своите пријатели

Музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК, почина во пожарот во Кочани, јавува штипската телевизија Стар.

Loading...

Стевановски бешее продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.

Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ Скопје, а подоцна своето образование го усовршува во Америка.

Завршува два факултети вокално инструментален оддел класична музика и џез оддел.

Филип Стевановски беше неодамна назначен и за директор на Центарот за култура во Штип.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Според последните информации досега загинати се 59 лица откако пожар го зафати клубот „Пулс“ во Кочани.

Никола Ивановски