Присвоил керамички сад од Алгуња кој бил културно наследство, доби кривична

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен жител на општина Старо Нагоричане доби кривична пријава оти дома чувал керамички сад кој го присвоил од археолошки локалитет.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од село во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, пријавениот од археолошкиот локалитет „Муталово”,  атар на с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, противправно присвоил керамички сад (питос)  – предмет кој е културно наследство, и го чувал во својот дом.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишник од Старо Нагоричане ја нападнал мајка си, полицијата го привела

Никола Ивановски