Дваесет и шестгодишник од село во Општина Старо Нагоричане бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата мајка.
– На 14.07.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Х.В. (26) од село во Општина Старо Нагоричане, затоа што физички ја нападнал неговата 57- годишна мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

