Во рамки на натпреварувачката сезона на WAКO светска федерација на кик-бокс во која како членка е и Кик-бокс федерација на Македонија,има покана да настапи на балканското првенство кое денеска и утре ќе се одржи во градот Тешањ во Босна и Херцеговина.
Честа да учествува на овој турнир и да биде дел од репрезентацијата на Македонија има и натпреварувачот од нашиот клуб и град – „Куманово 2006“, државниот првак на последното државно првенство во кик-бокс, нашиот сограѓанин Филип Наковски. Тој ќе се натпреварува во дисциплина лоу-кик, категорија 86 килограми.
Со него патува и неговиот тренер Сашо Илиевски кој очекува успех од ова првенство и се надева дека Филип ќе освои добар резултат и градот ќе го претстави во добро светло.