На градскиот плошад во Куманово вечерва ќе се одржи хип-хоп фестивалот „Тумсток“.
Loading...
Станува збор за фестивал фокусиран на домашната хип-хоп музика, а на кој ќе настапат многу домашни имиња, додека ѕвезда на вечерта ќе биде Тони Зен.
Освен Тони Зен, пред кумановската публика ќе настапат и Double G Mafia, Shpanac, Luka Chombe, David Black, Togzi, Pakela, Иван Ајнштајн, Аиман, Tounkilla, Vybe и LXRD.
Фестивалот започна пред неколку години и наиде на голем интерес кај помладата куманвска публика.
Вечерашното издание на „Тумсток“ започнува во 20 часот и е претпоследен фестивал во рамките на завршницата од Кумановско културно лето 2024.
Loading...
Никола Ивановски