YouTube подготвува ривал на TikTok

Сподели со своите пријатели

Видео платформата YouTube има нов проект, апликација „Shorts“ дизајнирана да му конкурира на сè попопуларниот „TikTok“.

Loading...

Целта на YouTube е да создаде апликација која ќе биде директен ривал на TikTok и ќе им овозможи на корисниците да ги објават своите кратки содржини. Апликацијата, наводно, се нарекува Shorts.

Кина предлага радикални промени на интернетот

Оваа апликација ќе им овозможи на корисниците да објавуваат кратки клипови и да бидат лиценцирани со музиката што ја има YouTube Music во нивниот каталог. Овие песни лесно ќе се користат во креирањето на клиповите.

За оние кои не знаат, TikTok им дозволува на корисниците да изберат звуци, музика и слично и да создаваат видеа користејќи ја таа содржина.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

„YouTube“ очигледно бара парче од колачот, бидејќи „Тиккк“ забележа раст од 125 проценти во последните две години, според податоците објавени во јануари. Апликацијата има стотици милиони корисници.

Ова не е првпат YouTube да одговори на некои од можностите што претходно се појавија на други социјални платформи.

Loading...

Наскоро сами ќе можете да го подесите квалитетот на видеата на Јутуб

Претходно ја претставија својата верзија на Instagram Stories. Фејсбук, исто така, разви своја верзија на TikTok, наречена Lasso, која тивко се тестира на пазарите како што е Бразил.

Што е TikTok и како да го искористите овој почетен залет?

Leave a Reply