Фејсбук по грешка бришеше корисни информации

Сподели со своите пријатели

Фејсбук откри голема грешка кога станува збор за филтрите за лажни вести, што направи многу линкови до корисни информации да бидат забранети за споделување.

Loading...

Овие филтри се дизајнирани да спречат ширење на дезинформации за коронавирусот, но се чини дека тие имаат технички проблем.

Што е TikTok и како да го искористите овој почетен залет?

Челниците на оваа социјална мрежа биле свесни за проблемот, но не знаеле точно за што станува збор, па не можеле да го отстранат дефектот.

Секако, компанијата предупреди дека може да дојде до грешки затоа што делот за одобрување на содржината ќе му биде доверен на вештачката интелигенција.

Инстаграм со промени поради коронавирусот

Сепак, Гај Роузен од Фејсбук на Твитер објави дека „ги вратиле сите написи што биле погрешно отстранети, вклучувајќи коментари на сите теми – не само оние поврзани со КОВИД-19“.

Тоа беше проблем со автоматскиот систем, кој сега е исправен, напиша Роузен.

Loading...

Leave a Reply