Фајон: Словенија го повика Нетанјаху „да стави крај на оваа војна“

Сподели со своите пријатели

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон за време на нејзината посета на Берлин објави дека земјите од Европската унија се загрижени поради зголемениот број цивилни жртви за време на израелскиот напад врз Либан и појасот Газа.

Loading...

Таа го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да стави крај на оваа војна“.

„Она што го гледаме на терен е раселување на повеќе од еден милион цивили. Сега ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност, да ги заштитат цивилите и да не ја ескалираат војната дополнително“, рече Фајон за агенцијата ВАФА партнерите во САД продолжуваат со своите напори за постигнување итен хуманитарен прекин на огнот.

„Отсекогаш велевме дека настаните во Газа дополнително ќе ескалираат со зголемено кршење на меѓународното право и убиства на невини цивили, деца и жени“, додаде Фајон за палестинската агенција ВАФА.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека остро ги осудува новите напади на Иран врз Израел, додавајќи дека како знак на неговата посветеност на безбедноста на Израел, мобилизирал воени ресурси на Блискиот Исток, пренесува Танјуг.