Facebook со нова опција кога се во прашање фотографиите

Сподели со своите пријатели

Фејсбук понекогаш нè изненадува со одлични опции, во пауза на скандали и проблеми што ги има со приватноста на своите корисници.

Loading...

Во моментов, најголемиот хит на интернет веќе не се квизовите, туку нов вид на 3Д-фотографии, кои сега можат да ги направат скоро сите.

Во последните неколку ажурирања, на сите корисници требаше да им се даде опција да создадат 3Д фотографии во менито за објавување статус.

Фејсбук подготвува најголема промена во последните 7 години

3Д-фотографии се предвидени скоро за сите и повеќе не ви треба вашиот телефон да има повеќе камери или „боке“ ефекет. Сега, сето она што е во позадина е алгоритам за вештачка интелигенција на Фејсбук, кој ја прави сликата, ги придружува пикселите и го повлекува фокусираниот предмет од позадината, така што ќе остане во центарот додека позадината се движи наоколу.

Ова остава впечаток дека предметот е над остатокот од позадината.

Технологијата која стои зад оваа постапка е доста сложена и Фејсбук ги нарекува конвулзивни нервни мрежи, а во компанијата самите го создадоа овој ефект користејќи ги своите алатки FBNeti ChamNet.

Зошто инфлуенсерите имаат толкаво влијание?

Loading...

За најдобри ефекти на 3Д фотографија, пронајдете сцена во која доминира централен предмет, зад која стои еднолична или барем слична позадина.

Сè уште можете да видите дека алгоритмот морар да учи, па затоа игнорирајте ја повремената пауза во 3Д дизајн на фотографии.

За да користите 3Д фотографии треба да имате Фејсбук, т.е. апликација за да се овозможи пристап до камерата и да ја направите вашата прва 3Д-слика кликнете на статусот, изберете ја опцијата 3Д фотографија, потоа вметнете слика од галеријата и почекајте неколку секунди за Фејсбук да создаде 3D креација.

За Facebook, Instagram е „фабрика за пари“

Прикачете ја фотографијата како и било која друга. Тоа е тоа – имате 3Д фотографија!

Можете исто така да го сторите со портрет фотографии и сите други фотографии. Пробајте, бидете креативни и направете мали ремек-дела од 3Д опркужувањето!

Leave a Reply