Европа се подготвува за една од најлошите зими во историјата

Сподели со своите пријатели

ЕУ може да се соочи со рецесија поради рекордно високите цени на гасот, бидејќи претстојната зима ќе биде една од најлошите во историјата, изјави европскиот економски комесар Паоло Џентилони.

Loading...

– Тоа никој не може да го исклучи. Сегашната инфлација ќе ја фрли нашата економија во превирања, а следната зима може да биде една од најлошите досега. Соочени сме со невидена неизвесност, но бројките за економијата на ЕУ во целина се сѐ уште позитивни, а состојбата на пазарот на трудот е добра – изјави Џентилони во интервју за германскиот магазин „Шпигел“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Тој не ја исклучи можноста некои земји од ЕУ да мора да ја намалат потрошувачката на гас.

– Зависи од одлуките на претседателот на Русија, Владимир Путин и од тоа како ќе се однесуваме. Веќе е потребно да се заштеди енергија, иако гледаме добар напредок во полнењето на складиштето за гас и заштеда на енергија – истакна Џентилони.

Џентилони додаде дека ситуацијата е „многу поинаква“ во земјите на ЕУ, пренесе ТАСС.

Владите на земјите од ЕУ веќе преземаат „итни мерки“. До крајот на август за борба против енергетската криза беа издвоени пари еднакви на еден процент од БДП на ЕУ, а до крајот на годината може да има зголемување на финансирањето на два отсто од БДП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.