Приведен 38-годишен кумановец, ја нападнал поранешната сопруга

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил приведен викендов по пријава дека физички ја нападнал поранешанта сопруга.

– На 21.11.2026  во 23:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С. (38) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата поранешна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник натепан од врсник во кумановско