Триесет и двегодишна државјанка на Руската Федерација викендов била приведена на Граничниот премин Табановце.
– На 21.11.2026 околу 22:35 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата полициски службеници ја приведоа З.М.(32) од Русија поради констатиран незаконски и непријавен престој во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, таа е предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски

