23-годишен кумановец натепан со тврд предмет од неколку лица

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен кумановец викендов пријавил дека бил физички нападнат со тврд предмет од неколку лица.

– На 22.11.2026  во 02:10 часот во СВР  Куманово Д.Ј.(23) од Куманово пријавил дека на улицата „Перо Чичо“ во Куманово бил физички нападнат од неколку лица кои употребиле тврд предмет и се обиделе да употребат и остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Денеска силен ветер и дожд, утринските во длабок минус