Тројца мртви, 14 повредени, десет затрупани под урнатините по експлозијата во Турција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени денес во експлозија во челичарница во Измир, на западот од Турција, објави гувернерот на провинцијата Измир, Сулејман Елбан.

Тој изјави дека три лица се тешко повредени и дека операцијата за пребарување и спасување продолжува откако 10 лица се затрупани под урнатините, објави CNN Turkey.

По експлозијата, во фабриката избувна пожар, а на местото на настанот беа испратени медицински и противпожарни екипи.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров нема да учествува на состанокот на министрите на ОБСЕ во Швајцарија