Кина се огласи за случајот со Nvidia: Тврдењата за обид за шпионажа се клевета против Пекинг

Сподели со своите пријатели

Кина денес ги негираше тврдењата за обид за шпионска завера насочена кон директорот на американската технолошка компанија Nvidia, Јенсен Хуанг, нарекувајќи ги тврдењата неосновани и кампања за клевета против Пекинг.

Синоќа, Nvidia започна истрага против својот директор и ко-основач Јенсен Хуанг, откако тој призна пред одборот на директори дека имал интимна врска со директорката на азиската технолошка компанија „Мегаспид“, Алис Хуанг, за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека работи за кинеската разузнавачка служба, објави „Њујорк тајмс“ (NYT).

Замолен да коментира за тврдењата дека жена поврзана со извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, работи за кинеската разузнавачка служба, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џианкун, рече дека кинеските власти „веќе одговориле на тоа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на технолошкиот гигант „Нвидија“ е под истрага за афера со жена осомничена дека е кинески шпион

– Таканареченото тврдење за „кинески шпиони“ е целосно неосновано и не е ништо повеќе од клевета против Кина – рече тој, објавува „Глобал тајмс“.

Американските разузнавачки служби ја информирале администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Алис Хуанг наводно работела за кинеската разузнавачка служба и собирала информации за извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, со кого била блиска, објави синоќа NYT, повикувајќи се на неименувани извори.

Односот на Хуанг со Алис Хуанг стана предмет на интерес на американските власти откако разузнавачкиот надзор откри дека таа пренесувала информации на Пекинг.

Случајот предизвика загриженост за улогата на Хуанг како една од највлијателните личности во развојот на вештачката интелигенција, како и за неговите блиски врски со Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дванаесет мигранти загинаа во близина на Крит, грчката крајбрежна стража спаси 105 лица

Во порака до вработените и соработниците на компанијата, Хуанг се извини за своите постапки.

Управниот одбор на Nvidia изјави дека нема причина да верува дека националната безбедност или доверливите информации на компанијата се во опасност, но дека истрагата ќе ги разгледа сите достапни информации.

Њујорк тајмс минатиот месец објави дека американските разузнавачки агенции откриле дека Хуанг развил блиска врска со кинески државјанин и купувач на чипови за кој американските власти заклучиле дека собира разузнавачки информации за Пекинг.

Ова е Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, во чија биографија се наведува дека работела како телевизиска новинарка во Кина пред да стане еден од врвните директори на компанија за центри за податоци со седиште во Сингапур.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пукање во Краков: Шестмина мртви, напаѓачот почина во болница

Таа компанија, Megaspeed, стана еден од најголемите клиенти на Nvidia во Југоисточна Азија, купувајќи чипови во вредност од повеќе од 4,8 милијарди долари во последните две години.