Едно лице загина, а друго е тешко повредено по експлозија на резервоар со нафта во Улсан, Јужна Кореја, соопштија денеска официјални лица.
Loading...
Резервоарот се запали и се крева густ црн чад, јавува новинската агенција Јонхап.
Експлозијата се случила околу 11:15 часот по локално време во градот кој се наоѓа на 310 километри југоисточно од Сеул, пренесува Танјуг.
Привремениот претседател на Јужна Кореја Чои Санг-мок нареди максимални напори за гаснење на пожарот.