ЕЦБ повторно ги зголеми каматните стапки

Сподели со своите пријатели

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ги зголеми клучните каматни стапки за четвртина процентен поен, и покрај слабата економија, предвидувајќи висока стапка на базична инфлација која ги исклучува храната и енергијата.

Loading...

Од 21 јуни каматната стапка за рефинансирање на банките ќе изнесува четири отсто, а каматната стапка на депозитите преку ноќ во банките 3,5 отсто.

Комерцијалните банки во иднина ќе плаќаат каматна стапка од 4,25 отсто за кредитите преку ноќ.

Од јули минатата година, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки во еврозоната за четири процентни поени.

Инфлацијата се намалува, но ќе остане превисока за подолг временски период, повтори ЕЦБ во образложението за континуираното заострување на монетарната политика, за разлика од американската централна банка, која во средата направи пауза во циклусот на зголемување на трошоците за задолжување.

Во своите најнови макроекономски прогнози, ЕЦБ значително ги зголеми проценките за базичната инфлација, која ги исклучува цените и енергијата, и сега очекува таа во просек да изнесува 5,1 отсто оваа година и три отсто следната година.

Во март предвиде дека ќе изнесува 4,6 отсто оваа година и 2,5 отсто следната година.

Причината, како што е објаснето, се неочекуваните повисоки вредности во претходниот период и силниот пазар на труд.

Loading...