ЕЦБ подготвува уште едно зголемување на каматните стапки

Сподели со своите пријатели

Европската централна банка (ЕЦБ), во обид да ја потисне инфлацијата, очигледно повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка на следниот состанок на Советот на гувернери.

Loading...

„Сегашните податоци сугерираат дека треба повторно да ги зголемиме каматните стапки на состанокот на 4 мај“, изјави главниот економист на ЕЦБ, Филип Р. Лејн, за францускиот весник „Монд“.

Тој додаде дека сѐ уште не е време да попуштиме.

Лејн не објави колкава корекција очекува, но додаде дека монетарната политика од мај ќе зависи од економскиот развој.

ЕЦБ ги зголемува каматните стапки во еврозоната шест последователни месеци од јули. На седницата во март, Советот повторно ја зголеми стапката од 0,5 на 3,5 отсто.

Членот на Управниот совет на ЕЦБ, Изабел Шнабел, најави зголемување на каматните стапки во понеделник за Политико.

„Според мое мислење, јасно е дека се потребни дополнителни зголемувања на каматните стапки. Степенот на корекција, сепак, ќе зависи од податоците што допрва треба да пристигнат“, рече Шнабел.

ЕЦБ, како и другите централни банки, се обидува да ја спречи силната и постојана инфлација со зголемување на каматните стапки.

Loading...

Повисоките каматни стапки значат повисоки цени на заемите, што ја лади побарувачката и на крајот го забавува растот на цените.

ЕЦБ се стреми да ја задржи стапката на инфлација – растот на цените на стоките и услугите во малопродажбата – под два проценти.