Џогирала во Канада, случајно ја преминала границата со САД, па завршила во притвор

Сподели со своите пријатели

Французинката Седела Роман, случајно додека џогирала на плажта во Вајт Рок – канадски град на самата граница со американската сојузна држава Вашингтон, ја минала територијата на САД, поради што 15 дена била притворена во американскиот центар за мигранти.

– Кога ќе се сетам на тоа си помислувам – зарем мораше сето тоа да се случи за ништо. Мојата приказна е помалку неверојатна, вели денес младата жена присеќавајќи се на немилиот настан, кој се случил на 21 мај, пренесува канадскиот канал CBS.

Со одобрение на бугарската Влада купил хеликоптер за „лов“ на мигранти (фото+видео)

Loading...

Седела Роман од францускиот град Бријансона, откако дипломирала одлучила да оди во Вајт Рок, каде живее нејзината мајка, за да учи англиски јазик, пренесуваат француските медиуми.

– Беше неработен ден и бидејќи мајка ми не работеше, отидовме на плажа со мојата помалада сестра. Во предвечерието тргнав на џогинг, а кога пристигнав до крајот на плажата видов дека плимата надоаѓа, рекла девојката.

Потоа, како што вели, тргнала по патеката по која можела да фотографира пејсаж пред да се врати, но во тој момент двајца американски агенти задолжени за надзор на границата ја обвиниле дека илегално влегла во САД.

Непријатно изненадена, без лични документи кај себе, им објаснила дека е Французинка, дека има виза за Канада и дека ја минала границата, а дека за тоа не била свесна.

Петгодишна ќерка на имигранти успеа на папата да му пренесе битна порака (видео)

Агентите, сепак и рекле дека не можат да ја пуштат и ја однеле во некоја зграда каде и зеле отпечатоци од прстите и и ги одзеле личните работи.

– Во тој момент започнав да се плашам. Имав впечаток дека сум опасен криминалец, се присетува Седела.

И дозволиле да телефонира на мајка си, која најпрвин помислила дека се работи за шега, но американскиот агент и објаснил за што се работи.

Седела Роман потоа ја одвеле во притвор во Такома, каде како што вели доживеала шок.

– Се најдов во затвор. Таму бевме постојано затворени, а во дворот имаше кучиња и бодликава жица, додава.

https://kumanovskimuabeti.mk/voznemiruvachko-video-zhivotot-na-migrantite-vsushnost-ne-vredi-nishto-video/

Петнаесет дека, како што наведува, минала во голема просторија со 60 кревети наредени еден врз друг и стотици мигранти.

– Се обидувавме да си помогнеме меѓусебно, атмосферата беше добра. Кога видов луѓе од Африка и други земји кои се затворени затоа што се обиделе да ја преминат границата, моето искуство стана помалку страшно, вели Седела.

Иако мајка и и донела пасош и виза, заталканата џогерка не била пуштена веднаш, од административни причини.

– САД се обидоа да стапат во контакт со Канада за да добијат повеќе информации за мене. Меѓутоа, бидејќи не сум државјанка на Канада, тоа траеше подолго, објаснува Французинката.

Конечно е ослободена на 6. јуни и се вратила во Канада, пред, а по недела дена, отпатувала назад за Франција. Младата Французинка не е предмет на кривичен прогон, но забранет и е престојот во САД.

Седела смета дека реакцијата на американските власти била претерана.

– Разбирам дека сакаат законот да се почитува, но не направив ништо. Тоа беше само обична грешка, истакнува девојката со заклучок дека ова искуство го променило нејзиното размислување за мигрантите и дека сега подобро ги разбира.

Leave a Reply