Дванаесет рудари затрупани по уривање на рудник во Пакистан

Сподели со своите пријатели

Рудник за јаглен во оддалечена област во југозападен Пакистан се урна по експлозија на метан, при што најмалку 12 рудари беа заробени, соопштија властите.

Loading...

Покрената е спасувачка операција.

Инспекторот за рудници Абдул Гани изјави дека експлозијата се случила синоќа во Сингиди, град во провинцијата Белуџистан, и додаде дека спасувачите со часови внимателно отстранувале делови од урнатата рудница. Тој рече дека ниту еден од рударите се уште не е спасен.

Безбедносните стандарди вообичаено се игнорираат во рударската индустрија во Пакистан, што доведе до повеќе инциденти и експлозии кои често имаа фатални исходи во последниве години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американка се пожалила дека нејзиното момче ја малтретира. Следниот ден ja пронашле во станот без глава