Двајцата осомничени за убиството во Куманово се лишени од слобода

Сподели со своите пријатели

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово преку соопштение, соопштува дека по вчерашното убиство во Куманово, бил извршен увид на лице место за случената престрелка во која животот го загуби четириесет и петгодишен жител на Куманово.

Loading...

Поради основано сомнение дека делото го сториле две лица,  истите се лишени од слобода. Кај нив е пронајдено и огненото оружје со кое е сторено убиството.

Надлежниот обвинител издаде наредби  за вршење обдукција, за вештачење на оружјето , на видео записи и траги од местото на настанот.

Во престрелката се повредени две лица, на кои им е пружана медицинска помош.

Обвинителството продолжува со расветлување на настанот, се вели во објавата на ОЈО.