Двајца Палестинци убиени во израелска рација на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелските сили убија двајца Палестинци на окупираниот Западен Брег, соопштија денеска палестинското Министерство за здравство и израелската армија.

Loading...

Како што се наведува, млади Палестинци биле убиени во Кабатија во близина на градот Џенин на северот на Западниот Брег.

Израелската армија објави дека „терористи пукале врз војници на ИД (Израелските одбранбени сили) синоќа во селото Кабатија“ и дека војниците одговориле и ги убиле.

На нападот на Западниот Брег му претходеа израелски воздушни напади врз Појасот Газа во вторникот.

Целта беше Исламски џихад, а загинаа 15 Палестинци, меѓу кои и членови на таа екстремистичка организација, како и четири деца, а стравот од нова спирала на насилство се зголеми.

Најмалку 125 Палестинци се убиени од почетокот на годината, а 19 лица се убиени во палестинските напади врз Израелците, меѓу кои, според АФП, една Украинка и една Италијанка.