Два пожари вчера во Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Два пожари вчера биле регистрирани на територијата на кумановско, поточно еден во Куманово, а друг во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, сува трева и шума гореле вчера во атарот на Агино село покрај автопатот Скопје – Куманово.

На терен околу 17:15 часот излегле четворица пожарникари со едно противпожарно возило и интервенирале до 21:40 часот.

Во атарот на селото Младо Нагоричане, во маалото Брдинци вчера изгорела сува трева на површина од 0,1 до 0,2 хектари, информираат надлежните.

На терен интервенирале двајца пожарникари во период од 18:50 до 19:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Никола Ивановски