Два делфина пронајдени мртви на брегот на реката Темза

Сподели со своите пријатели

Два делфина се пронајдени мртви на брегот на реката Темза, неколку дена откако еден од нив бил забележан како плива во реката во Лондон.

Loading...

Властите соопштија дека еден делфин бил пронајден мртов во Батерси, а друг во Гринич, објави „Ивнинг стандард“.

Волонтерката на британската организација Divers Marine Life Rescue (Divers Marine Life Rescue) Мери Тестер изјави дека сè уште нема протокол за спасување на делфините, бидејќи се работи за река.

„Ова е некако нов феномен кој се чини дека е во пораст. Бидејќи тоа е нова работа, сè уште немаме протокол за спасување“, рече таа.

Делфин беше забележан неколку пати во близина на мостот Путни во југозападен Лондон во четвртокот и изгледаше дека „се бори со струјата“.

Директорката на Divers Marine Life Rescue, Џулија Кејбл тогаш рече дека сите на реката треба да бидат свесни дека делфинот е таму и да се држат настрана од него.

„Најлошото е ако луѓето почнат да одат кон него, бидејќи тоа може да го дезориентира, а со сета бучава на реката, тоа е многу збунувачки за животното“, рече таа, пренесе Танјуг.