Дуда: Путин сака да ја освои Европа, ќе се плати голема цена

Сподели со своите пријатели

Полскиот претседател Анджеј Дуда го обвини својот руски колега Владимир Путин дека сака да ја освои Европа и инсистира на тоа дека Русија мора да биде запрена во Украина, каде човечките животи се „евтини“.

Loading...

Во интервју за Вашингтон пост, од полскиот лидер беше побарано да им одговори на американските конзервативци кои се противат на испраќање дополнителна воена и финансиска помош за Украина.

„Многу е едноставно. Во моментов, рускиот империјализам може евтино да се запре, бидејќи американските војници не умираат. Ако сега не се запре „руската агресија“, ќе се плати многу висока цена“, додаде полскиот претседател.

Според него, Путин се обидува да ја врати „царистичката територија“.

„Западот треба да ја запре Русија сега, пред американските војници да ја пролеат својата крв и да ги загубат животите во Европа за да ги вратат мирот и слободата во светот“, рече Дуда.

Дуда го предложи приемот на Украина во НАТО како најдобар начин да се спречи Кремљ.

Тој призна дека е разочаран што Киев не добил официјална покана да се приклучи на блокот предводен од САД за време на минатомесечниот самит на НАТО во Литванија.

Тој, исто така, рече дека планира да ја натера администрацијата на Бајден да обезбеди Киев да добие покана следната година.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.