Дожд, град и грмотевици во Калифорнија, 11.000 луѓе без струја

Сподели со своите пријатели

Бран бурно време пропратен со обилни врнежи, грмежи и град ја погоди во понеделник американската сојузна држава Калифорнија, објавија денеска американските медиуми.

Loading...

Метеоролозите најавија дека може да се очекува торнадо, но тоа не се случи и поради таа причина нема значителна материјална штета, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 11.000 потрошувачи останаа без струја поради налетите на бурниот ветер, објавено е на официјалната веб-страница на калифорниската електрична мрежа.

Според локалните служби, невремето поплавило некои патишта, соборило дрвја, а аеродромот во Санта Барбара е привремено затворен.

„Националната метеоролошка служба во Сакраменто издаде предупредување за торнадо за делови од округот Плумас и округот Бат во северна Калифорнија, но освен силен дожд, повремен град и грмотевици, немаше торнада“, потврди метеорологот Џефри Вуд, јави Танјуг.