Дополнителен данок за милијардерите? За Маск и Безос по пет милијарди

Сподели со своите пријатели

Американската сенаторка Елизабет Ворен во понеделникот предложи воведување посебен данок за многу богати домаќинства и поединци во Соединетите Американски Држави.

Loading...

И според пресметката на агенцијата Блумберг, врз основа на тоа, само од водечките 100 американски милијардери, повеќе од 78 милијарди долари би влегле во државната каса.

Со нацрт-законот, популарно наречен Закон за даноци за ултрамилионери, Ворен продолжи со напорите да ја реализира идејата што беше централна карактеристика на нејзината претседателска кампања во 2020 година.

Предлогот предвидува годишен данок од 2 проценти за домаќинства и лица чија нето вредност е помеѓу 50 милиони и една милијарда долари и данок од три проценти на нето-вредноста над една милијарда долари.

Покрај тоа, даночната стапка на нето богатството од повеќе од милијарда долари би се зголемила на шест проценти ако биде усвоена програмата „Medicare for All“.

Блумберг проценува дека предлогот на Ворен нема шанси да помине на „тесно“ поделениот Конгрес.

Според анализата на агенцијата Њујорк, сопственикот на „Амазон“ и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, би се соочил со дополнителна даночна обврска од најмалку 5,4 милијарди долари во 2021 година доколку се донесе ваков закон, додека сопственикот на „Тесла“, Илон Маск би платил 5,2 милијарди долари.

Данокот би го чинел Бил Гејтс дополнителни 4 милијарди долари, а Марк Цукерберг би платил повеќе од 2,9 милијарди долари.

Loading...

Leave a Reply