Дојава за бомба во училиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дојава за бомба утринава го евекуираше Основното училиште „Магдалена Антова“ во Куманово.

Loading...

На терен се упатени повеќе полициски единици и ќе се врши пребарување на целото училиште, откако претходно децата биле испратени дома.

Од полицијата го потврдија случајот, но повеќе детали најавија за во текот на денот.

Неофицијално дојава за бомба има во најамлку уште едно училиште во Куманово, но засега немаме официјална потврда.

Инаку во поголем број училишта низ Скопје, Штип, Кочани и Куманово утрово има дојави за бомби.

Вчера слични дојави имаше во училишта во Хрватска, а лажни дојави за бомби имаше и во македонските училишта во текот на минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Длабок утрински минус

Никола Ивановски