До своите нозе здогледала бебе змија, кога отишла во спалната се онесвестила од страв (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гаури Мани Бујан (19) од селото Шампур во Индија, само што не се онесвестила пред неколку дена кога забележала бебе кобра кое се мота околу нејзините нозе во нејзината соба.

– Змијата не ја каснала Гаури, но ја исплашила. Веднаш отидовме до нејзината соба и видовме четиир бебиња. Веднаш го напуштивме домот, а ноќта ја минавме кај соседите, рекол за локалните медиуми, таткото Бијау Бујан, кој додал дека утредента повикале ловци на змии за да им ја исчистат куќата.

Уловиле питон од осум метри и 250 килограми (видео)

Loading...

Кога тргнал да пребаруваат во собата на 19-годишната Гаури, сите останале шокирани кога пронашле над 60 бебиња од кобра, кои започнале да излегуваат од ископаната дупка.

– Очекувавме дека ќе има околу пет, шест бебиња и една или две возразни змии. Никој од нашиот тим не очекуваше дека во рок од еден ден ќе пронајде 60 бебиња. Никогаш немаме доживеано нешто вакво. Ова беше шокрантен момент за сите нас, рекол за локалните медиуми Мирза Хонд Арив, еден од спасувачите.

Спасувачкиот тим демолирал неколку ѕидови во домот и пронашол уште бебиња и осум големи змии, вклучувајќи три кобри.

– Повеќе од 100 змии се отстранети од домот, а дури пронајдовме и 26 јајца, додале спасувачите.

Се разбуди најголемото легло на змии во светот (видео)

Како што пренесуваат тамошните медиуми, сите змии се пуштени во резерват за диви животни, километри одалечен од селото.

– Не знам што сега да правиме. Не знам како ќе можеме да останеме во таа куќа. Иако сите змии се отстранети, сепак останува стравот. Не сакаме да се вратиме таму, рекол Бијау.

Во овој дел на Индија мештаните често пронаоѓаат легла од змии. Повеќе од 1.700 лѓе починале од каснување на змии во последните три години во овој дел од земјата.

https://www.youtube.com/watch?v=WI2fnPUBobw

Leave a Reply