Започна втората фаза од реконструкцијата на улицата „425“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Продолжува реконструкцијата на улицата „425“ во населбата Иго Тричковиќ во Куманово, каде започна реализацијата на втората фаза од инфраструктурниот проект.

Во оваа фаза се врши отстранување на стариот асфалтен слој, а предвидена е и изградба на потпорен ѕид на дел од улицата, со цел да се обезбеди поголема стабилност на теренот и безбедност на сообраќајот.

 

 

За текот на градежните активности информираше градоначалникот Максим Димитриевски, кој посочи дека работите продолжуваат во рамки на планираната реконструкција на улицата.

Во претходната фаза беше реконструиран дел од улицата, при што беа поставени 5.400 квадратни метри нов асфалт и изградена пешачка патека со површина од 2.000 квадратни метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца тинејџери уапсени за физички напад врз 23-годишен кумановец

 

 

Реконструкцијата на улицата „425“, позната и како стариот Тромеѓански пат, започна во март годинава.

Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата преку вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти.

 

 

Со продолжувањето на реконструкцијата, се очекува улицата „425“ да добие подобри услови за движење на возилата и пешаците, како и поголема безбедност на патниот правец кон Тромеѓа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски