Во текот на оваа работна недела се очекува температура која што ќе биде над просекот за овој дел од годината, а тоа значи релативно топло и стабилно време.
Loading...
Температурата ќе бележи пораст од ден на ден. Се до петок се очекува пораст на температурата во просек за околу 2°С на ден, па во петок веќе би требало да ја надминеме „границата“ од 35°С во делови од повардарието, а во останатите низини низ земјава се очекува максимална температура помеѓу 30°С и 35°С.
Треба да се напомене дека овој топлотен бран нема да биде„силен“ како оној на почетокот од месецов и дека нема веројатност за нови температурни рекорди.
извор: метеопро.мк