Димитриевски со честитка по повод Денот на Армијата

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска упати честитка по повод Денот на армијата и 30-годишниот јубилеј.

Loading...

– Општина Куманово е вистински пример за високо ниво на цивилно-воена соработка, каде заедно со припадниците на Армијата делувавме и соработувавме во услови на кризи, вршевме дезинфекција на јавните објекти, дистрибуиравме пакети со социјална помош, воведовме редарски служби, гасневме пожари,но заедно и празнувавме, заедно организиравме едукативни настани, донации и работни акции за пошумување и разубавување на наше Куманово, напиша Димитриевски.

 

 

 

АРМ, како што вели тој, е синоним за храброст, посветеност, праведност, еднаквост и професионализам во служба на државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

– Генерации и генерации со посветеност ја граделе и вложувале во нашата Армија, а наша обврска е да продолжиме да ја надоградуваме со нови професионални кадри, како и нова опрема, заедно со нашите партнери во НАТО, додава кумановскиот градоначалник.

Никола Ивановски

Loading...