Димитриевски организираше ифтарска вечер во чест на Рамазан (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, беше домаќин на ифтарска вечер, во чест на големиот празник, светиот месец Рамазан.

Loading...

 

 

На настанот присуствуваа и секретарот на Општината, Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководители од општинската администрација.

 

 

Loading...

На пригодниот претпразничен настан присуствуваа и заменик – министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски, државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски , директор на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска, пратеници во собрание на РМ, началник на СВР – Куманово Никица Петрушевски,  секретар на Муфтиство на ИВЗ -Куманово, директори на јавни претпријатија, установи, општински основни и средни училишта и членови на Советот на општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За 72 часа во Куманово наврнаа 43 литри дожд

 

 

Покровител на традиционалната ифтарска вечер – симбол на дарување, меѓусебна поддршка и почит, е градоначалникот Димитриевски.

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски