Димитриевски најави тужба за клевета против бизнисменот Спасовски

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски најави тужба против бизнисменот Бобан Спасовски за, како што посочи, изнесените невистини во емисијата „Став“, во одговор на новинарско прашање во врска со неговиот став по однос на оваа емисија на денешниот брифинг за новинари кој се одржа во Општина Куманово.

Loading...

Емисијата според Димитриевски имала цел да го омаловажи и дискредитира пред јавноста, но правдата, вели, е спора и ќе ја бара на суд исто како што гу тужел пратеничката Лидија Тасевска и противкандидатот Оливер Илиевски, кои ги добил на суд за клевета.

– Во текот на изборниот период исто така бев обвинуван од актуелната пратеничка Лидија Тасевска и мојот противкандидат Оливер Илиевски за наводна злоупотреба на својата должност и еве ја правосилната судска пресуда кој од пред два месеци е правосилна и се осудени за клевета кон мене. Изречена им е глоба и материјално обештетување кон мене, дел пратеничката Тасевска го има исплатено, додека господинот Илиевски сѐ уште не. Мислам дека пратеничката Тасевска има објавено и во еден од дневните весници кои се издаваат на национално ниво, пресудата и јавно извинување, додека Илиевски не, рече градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

Изнесените ставови на бизнисменот Спасовски, кумановскиот градоначалник ги смета за политичко обвинување.

– Ме изненадува фактот, таму слушнав зборови дарежливост и така натаму, зошто ако имало дарежливост господинот го прикривал таквото кривично дело и според мене Јавното обвинителство треба веднаш да постапки по допрен глас и да ги испита тие наводи, инаку апсолутно ирелевантно да дискутирам. Tоа го гледам како политчко обвинување кон мене кое има за цел првенствено сето тоа што претходно поединци блиски до тие луѓе и самите луѓе го правеа во форма на притисок кон мене и кон општинските служби да го изведат на ваков начин преку ваква емисија при што сведоци сме дека ниту во еден момент иако дискусијата одеше во друга насока, не беше прекинат, му се дозволи да се изнесат еден куп лаги и невистини со кои се покажува со прст кон мене, a јас тоа ќе го докажам во легитимна постапка, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

Димитриевски вели дека нема да дозволи поединци врз база на нивните бизниси да ја контролираат судбината на градот.

Кога работите на вакво јавно место има голем простор за шпекулации, елементарна работа е да ги видите вкупните бројки. Дали општина Куманово пред 4 и пол години беше една од најзадолжените? Да. Дали реализираше голем број инфраструктурни проекти и отпочна да става ред во градот? Да. Дали општината денеска има 4,5 милиони евра свои средства на жиро сметка? Да! Тоа што поединци сметаат дека можат врз база на нивните бизниси да ја контролираат судбината на градот и граѓаните, јас како градоначалник никогаш нема да дзоволам личниот интерес да се стави пред реалниот или општиот интерес, порача првиот човек на градот.

Вели дека во споменатата ситуација, спорна е дозвола за градба во близина на Гимназијата „Гоце Делчев“ од која пристигнала реакција дека нивниот јавен интерес е загрозен со изградба на градежниот проект.

Loading...

– Во оваа ситуација издавањето на таа дозвола е спорна затоа што ние имаме реакција од јавна институција која се грижи за тој јавен имот конкретно Гимназијата „Гоце Делчев“ каде нејзиниот јавен интерес е загрозен со реализација на еден ваков мегаломански градежен проект кој претходно не добил согласности соодветни и реални од надлежни институции, или конкретно овие институции што денеска реагираат. И советот и јас како градоначалник сме доведени во заблуда, но за тоа ќе разговарам многу повеќе на една од следните седници на советот каде планирам да ги обзнанам пред јавноста сите документации поврзани со оваа постапка, вели градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

Димитриевски во изнесувањето на таквите ставови во емисијата ги гледа како нечии политички цели.

– Максим е тука и сум подготвен во секој момент да одговарам за своите постапки, секого да погледнам во очи кој за кого бил дарежлив. Да, имам слушнато информации дека во минатото некои луѓе многу биле дарежливи по однос на поединци тука во општината и луѓе кои се активни во полиитчкиот и општествениот живот, но дарежливоста кон мене не ја гледам, јас со тие луѓе се немам ниту кафе напиено во својот живот, а не повеќе, додава тој.

Никола Ивановски