Димитриевски: На оваа власт пракса ѝ стана да се одземаат ингеренции (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На оваа власт пракса ѝ стана да се одземаат ингеренции кога го штитат личниот пред јавниот интерес, рече денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски одговарајќи на прашања на брифингот со медиумите.

Loading...

– На оваа власт пракса ѝ стана да се одземаат ингеренции секогаш кога го штитат личниот пред општиот граѓански и јавен интерес. Таков беше случајот со одземање на ингеренциите во Детска градинка, каде имаме пример на кршење на статутот на оваа институција. Се одземаат ингеренции од страна на минситерот за труд и социјална политика и пред четири години и повторно сега, иако актуелниот директор на градинката „Ангел Шајче“ и неговото поставување директно се коси со статутот на оваа институција каде изрично стои дека едно исто лице не може да има повеќе од два последователни мандати, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ испишува историја на политичката сцена

 

 

Димитриевски добил и известување од Министерството за транспорт и врски потпишано од министерот Благој Бочварски дека може да се соочи со одземање ингеренции поради одлуката за ДУП-от кај „Школска амбуланта“.

– По однос на писмото од министерот го разбирам како заканувачки со цел да обезбеди реализација на личен интерес на поединци, а не на јавниот интерес, рече тој.

Градоначалникот најави дека ќе ги обжали сите решенија на Министерството за труд и социјална политика за одземените ингеренции, но и можност општината да поднесе кривична пријава против актуелната министерка.

Loading...

Никола Ивановски