Девети мај – Денот кога заврши најкрвавата војна на човештвото

Сподели со своите пријатели

На 9 мај 1945 година, со капитулацијата на нацистичка Германија заврши Втората светска војна во Европа.

Loading...

Овој ден се слави како Ден на победата, а се слави и како Ден на Европа.

Безусловната капитулација на Германија беше потпишана во Берлин нешто по полноќ од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, во име на Советскиот Сојуз беше потпишан маршалот Георги Жуков, а во име на западните сојузници од британските воздухопловни сили генералот Артур Тедер.

Со ова формално заврши Втората светска војна во Европа, но остатоците од германските трупи и нивните сојузници продолжија да даваат отпор неколку дена. Во Југославија тоа траеше до 15 мај.

Датумот кој го претставува дефинитивниот крај на Втората светска војна е 2 септември, кога Јапонија ја потпиша капитулацијата на американскиот воен брод „Мисури“ во заливот Токио по фрлањето на атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки.

Во војната што траеше нешто помалку од шест години, беа вклучени 61 земја и околу 110.000.000 војници.

Проценките зборуваат за 50 до 80 милиони мртви, од кои меѓу 38 и 55 милиони се цивили.

Државната комисија на поранешна Југославија еднаш објави дека во војната загинале 1.706.000 луѓе, меѓу кои и повеќе од 300.000 војници.

Loading...