Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска претпладне нè очекува променливо облачно време со локален дожд.
Попладне на места ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено на исток. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.
Што се однесува до Куманово, денеска нè очекува сончево до умерено облачно време во претпладневните часови, а веќе попладне облаците и слабиот југоисточен ветер ќе донесат нестабилност во форма на невреме со дожд и силни електрични празнења.
Температурата ќе се движи од минимални 11 во утринските часови, додека максималната дневна ќе достигне 20 степени целзиусови.