Денес се чествува православниот празник “Три светители”

Сподели со своите пријатели

Православните верници денес го честуваат празникот на тројцата светители Св. Василие Велики, Св. Григорије Богослов и Св. Јован Златоуст.

Во народното верување останало дека тие се значајни личности што страдале за Христовата вера и дека “душа дале за христијанството“. Во Охрид како што запишал Е. Спространов празникот се вика “Три стопци“ наместо три столбци или Три Светители затоа што се верувало дека тие ја крепеле земјата. Ако не биле тие, таа “ќе пропаднела“.

Loading...

Христијанската црква, меѓутоа, на овој ден заедно го празнува споменот на Св. Василие Велики, Св. Григорије Богослов и Св. Јован Златоуст, иако тие си имаат и посебни празници. Овој празник е востановен во 1084 година во Цариград.

Епископот Јован го одбрал овој ден бидејќи тројцата светители имаат празници во јануари.

Во втората половина на 11 век за време на царот Алексеј Први Комнен во Цариград настанал спор меѓу населението кој од тројцата светители е позначаен: Св. Василиј Велики, Св. Григориј Богослов или Св. Јован Златоуст. Народот се поделил на Василевци, Григоровци или Јовановци. Тогаш тројцата светители најпрвин секој одделно, а потоа и тројцата заедно му се јавиле на епископот Јован и тоа не на сон, туку на јаве и му рекле дека пред Бога тие се еднакви и меѓу нив нема никакви поделби и спротивности. Епископот Јован веднаш го собрал народот, им раскажал за средбата со тројцата светци, го востановил празникот и наредил да се празнува свечено, притоа напишал и пофално слово за овој празник.