Денес дожд, а од утре и првата снежна покривка

Сподели со своите пријатели

Во текот на денот се очеекува претежно облачно време со повремени  врнежи од дожд со послаб интензитет.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во ноќните часови почнувајќи од запад повторно ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност од Медитеранот кој ќе донесе нови врнежи од дожд, а на планините во западна Македонија ќе има врнежи од снег.

Највисоката т-ра на воздухот ќе се движи од 8 до 14 степени.

Во петок ќе има нов влажен бран  со врнежи од дожд,  кои на места ќе бидат пообилни и над 35 л /м2.

Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка, особено во западните делови од земјава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка утринава е намалена на 40 – 50 метри, а на Стража 50 – 100 метри, соопшти АМСМ.