Делумно обновено движење на возилата на Кримскиот мост

Сподели со своите пријатели

Обновено е движењето на возилата по Кримскиот мост во правец Таман-Керч, соопшти вицепремиерот на руската влада Марат Хуснулин.

Loading...

– Моторниот сообраќај на Кримскиот мост е обновен во крајната десна лента во правец Таман-Керч, изјави Хуснулин на Телеграм, пренесува РИА.

Тој додаде дека е можно мостот повторно да профункционира за возила во „најкус можен рок“ бидејќи анализата на конструкцијата потврдила дека повторно е возможно движењето на возилата.

„Изработена е привремена шема за организирање сообраќај на мостот. Пред да се донесе одлука за можноста за отварање сообраќај, полигонот беше дополнително испитан“, додаде Хуснулин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Дали Трамп воопшто ќе ја забележи Европа?

Украинските сили во понеделникот наутро го гранатираа мостот на Крим, а во нападот загинаа две лица, а една девојка беше ранета.

Рускиот претседател изјави дека Москва ќе одговори на „терористичкиот напад“, кој бил суров и бесмислен, додавајќи дека Министерството за одбрана веќе подготвува одговор, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.