Делови од Лавов без струја по нападот

Сподели со своите пријатели

Делови од градот Лавов на крајниот запад на Украина се без струја, по нападот на електродистрибутивната мрежа, изјави денеска градоначалникот Андриј Садовји.

Loading...

Тој изјави дека експлозијата се случила во „клучен инфраструктурен објект“ и дека работата во градската термоцентрала е привремено прекината, објави „Гардијан“.

„Во моментов граѓаните немаат топла вода. Резервните генератори на неколку станици за вода почнаа да испраќаат вода во градот, но делови се без струја“, рече Садовји.

Градоначалникот рече дека третина од семафорите во градот не работат и дека кога ќе помине опасноста ќе излезе сообраќајната полиција да ги регулира најфреквентните крстосници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.